Ќе го направи ли Пјаниќ трансферот на својот живот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се очекува Миралем Пјаниќ во летниот преоден рок да го направи трансферот на својот живот..

Шпанската Марка вчера ја објави листата на потенцијални засилувања на мадридскиот Реал, а помеѓу одбраните се најде и Миралем Пјаниќ.

Мадридскиот весник го стави босанскиот играч од средниот ред на трансфер листата на која се наоѓаат Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Тиаго Алкантара, а италијанската новинарска агенција АНСА тврди дека интересот е повеќе од сериозен.

Се знае дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, исклучително ги цени квалитетите на играчите на Јувентус и би сакал да го види во својот тим од наредната сезона, но Јувентус постави премногу висока цена.

Цифрата која ја посакува Старата дама е 80 милиони евра. Не е познато дали Кралевите се спремни да издвојат толку голема сума, но претседателот на клубот Флорентино Перез во текот на летото нема да штеди.

Зинедин Зидан за засилувања на тимот доби 450 милиони евра. Првична желба е секако Еден Азар, но и покрај неговиот трансфер кој сигурно би чинел преку 100 милиони евра, ќе остане доволна сума за засилувања на сите позиции.

Дали Пјаниќ ќе го направи трансферот на својот живот ќе знаеме за брзо, но сигурно е дека Реал ќе игра огромна улога на трансфер пазарот оваа година.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина е член на Јувентус веќе трета сезона. Со торинскиот тим е доминантен во Италија и заедно целат кон третата последувателна титула во Серија А.

Пјаниќ во дресот на Бианконерите има одиграно вкупно 135 натпревари и има постигнато 19 погодоци, од кои 4 ги постигна оваа сезона.