„Ќе играм најдобро кога ќе се вратам во јануари“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кошаркарот на Сан Антонио, Тони Паркер оваа сезона ја заврши порано поради повреда во серијата против Хјустон.

Тој мораше да оди и на операција на левата нога, а во изјава за медиумите откри дека ќе се врати во јануари на паркетот.

„Ќе играм најдобро кога ќе се вратам во јануари.“

Тој има 35 години и се погласни се шпекулациите дека можеби ја одиграл последната сезона во кариерата.

„Лутината беше прва работа која ја почуствувам кај повредата. Бев многу добар и имавме шанса да се бориме за титулата. Планот на тренерот работеше како часовник, но јас играв по 20 минути на натпревар.“