Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Пари Сен Жермен Марко Верати рече дека е сречен во тој клуб и додаде дека ќе се врати во Италија ако некогаш ги напушти редовите на шампионот на Франција.
Верати во 2012 година ја напушти Пескара и премина во ПСЖ со кој освои четири по ред шампионски титули на Франција.
„Добро ми е во Париз и сакам да останам што е подолго можно. Ако еден ден се одлучам да го напуштам ПСЖ ќе се вратам во Италија, но моментално не мислам на тоа“, рече Верати за италијанските медиуми.
Италијанскиот фудбалер Марио Балотели премина во Ница, а Верати смета дека Франција е вистинско место за поранешноот напаѓач на Ливерпул.
„Среќен сум што дојде во Франција. Ница е дефинитивно вистинско место за него, за повторно да ја поткрене својата кариера“, рече Верати.