„Ќе се обидеме да ги донесеме Федерер, Ѓоковиќ и други играчи на турнирот!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Директорот на турнирот во Рио, Луис Карваљо признава дека натпреварувањето во моментов е во криза бидејќи наредната година нема да ги има Надал, како ниту Дел Потро.

„Надал ја освои титулата и не се жалеше на влажноста на воздухот, па така ме изненади неговата изјава дека условите се екстремни. Исто беше и во 2015 и 2016, но секако тој самиот одлучува на кои турнири ќе игра.“

„Се обидуваме да ги донесеме топ 10 играчите. Мареј ни рече дека не е заинтересиран да игра на земја во тој дел од годината, а го прашавме и Федерер и Ѓоковиќ, но сеуште не се знае ништо.“

Турнирот од Серијата 500 во Рио се игра од 20 до 26 февруари, а досега учество потврдија Кеи Нишикори, Доминик Тим и Ферер.