„Ќе си го променам името доколку освоиме Лига на шампиони“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан Шкрињар е во редовите на Интер од 2017. година по пристигнувањето од Сампдорија за околу 30 милиони евра и веднаш се најде во првиот состав.

Неговото име веќе долго време привлекува внимание по насловните страници на европските медиуми, најмногу поради интересот на големите клубови кои сакаат да го купат од Интер.

Сепак, челниците на Интер не сакаат да се откажат од Словакот, бидејќи се покажа како столб на одбраната, а покажа дека поседува огромни квалитети и би требало уште долго да ја предводи одбраната на Интер.

Негова навивачка желба е да освои Лига на шампиони со својот Интер, а во врска со тоа даде и навистина интересна изјава.

„Доколку освојам Лига на шампиони со Интер, веднаш ќе си го променам името во Милан „Интер“ Шкрињар“, изјави одличнот Словак.