„Ќе ја гледаме Шарапова на Вимблдон!“


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


Првиот тенисер во светот, Енди Мареј смета дека Шарапова може да игра добро на наредните турнири и така да се најде во главниот ждреб на Вимблдон.

На Шарапова и заврши 15-месечната супензија и таа играше во Штутгарт, каде што стигна до ½-финале.

Моментално се наоѓа на 262-то место со 185 поени, а ја очекуваат настапи во Мадрид и Рим.

„Сметам дека постојат големи шанси организаторите на Вимблдон да и дадат покана за квалификациите на Шарапова, но мислам дека треба да почекаме и да видиме што ќе се случи затоа што има можност да биде и во главниот ждреб по турнирите во Мадрид и Рим.“