Ѝ пркоси на гравитацијата: Роналдо постигна гол по небески скок (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус во мечот од 17. коло во Серија А играше против Сампдорија, а за водство од 2-1 погоди Кристијано Роналдо и тоа на несекојдневен начин.

Првото полувреме на мечот на „Луиџи Ферара“ во Џенова понуди одличен фудбал, па беа постигнати три гола, а последниот беше во 45. минута.

Роналдо со небески скок успеа да испрати удар со глава и да ја затресе мрежата на домаќините за водство од 2-1, а голманот и останатите фудбалери немоќно ја гледаа новата мајсторија на Португалецот.