Џампјеро Вентура уште еднаш се посрамоти – овој пат во Киево!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најлошиот италијански селектор во историјата, Џампјеро Вентура денеска доживеа уште еден срам.

Овој 70-годишен тренер експресно доби отказ во Киево, на чија клупа издржа само четири натпревари и тоа без победа.

Поранешниот италијански селектор на клупата на Киево најверојатно ќе биде заменет од Доменико Ди Карло, кој го чека многу тешка задача за да обезбеди опстанок во лигата.

Да потсетиме, Вентура се „прослави“ откако не успеа да ја однесе репрезентацијата на Италија на Светското првенство во Русија, а тоа беше неверојатен дебакл.