Џеко наскоро потпишува нов договор со Рома


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Един Џеко пристигна во Рома во 2015. година и неговиот моментален договор со римскиот клуб важи до 2020. година, со тоа што на Олимпико не кријат дека сакаат да го задржат и подолго од тоа.

Газета пишува дека Рома веќе спремила нов доовор за Џеко и тоа до 2021 година, според кој ќе добие зголемување на платата. Тој моментално е најплатен играч на Рома со годишна плата од 4.5 милиони евра.

Тој со Рома имаа прилично лоша прва сезона, но подоцна блесна и покажа дека е напаѓач од светска класа. Вкупно за римскиот клуб има одиграно 142 натпревари и има постигнато 74 голови.

Тој е најзаслужен што Рома минатата сезона стигна до полуфинале на ЛШ, што беше историски успех за овој тим.