Џеко помеѓу најдобрите стрелци во историјата на Рома


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Влезе во историјата на италјанскиот тим.

Един Џеко синоќа уште еднаш покажа за каков фудбалер станува збор.
Капитенот на фудбалската репрезентација на БиХ одигра фантастичен натпревар против Викторија Плзен во второто коло од Лигата на шампиони, а со нови три погодоци уште еднаш се запиша во историјата на Рома.

Џеко стигна до 77 погодоци во 147 настапи за Волците и со тоа се вброи во десетте најдобри стрелци на Рома на сите времиња.

Тој успеа да го престигне Џузепе Џани кој за римскиот тим има постигнато два гола помалку, а само два гола го делат да го престигне Дино Да Коста (79).

По бројот на голови на прво место е се разбира Франческо Тоти (307).