Џејмс му кажа на Перез во кој клуб сака да оди


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Родригез се подготвува да го напушти Реал Мадрид.

Реал до крајот на сезоната ќе одигра уште еден дуел и тоа против Јувентус во финалето на ЛШ. Натпреварот против Јувентус би можел да биде последен за Џејмс во Реал Мадрид. Веќе долго време се шпекулира за негово заминување од тимот.

Познато е дека Јунајтед покажа интерес за него, а во последно време започнаа да зборуваат дека и Интер го сака овој фудбалер. Меѓутоа, Џејмс соопштил каде сака да ја продолжи својата кариера.

Наводно, тој сака да се пресели во Јунајтед, а Интер ќе остане со празни раце. Џејмс сака да отиде само во Јунајтед, а Реал за него би требало да добие 50 милиони евра.