Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Легендарниот дефанзивец на Челси и поранешен репрезентативец на Англија Џон Тери го избра идеалниот тим на сите времиња.
Триесет и пет годишниот фудбалер, очекувано, избра четири играчи со кои соработувал во дресот на Сините, а на местото тренер го постави Жозе Мурињо, истотака добар познаник од Стенфорд Бриџ.
„Мојот тим на соништата е: Петр Чех, Гери Невил, Рио Фердинанд, Паоло Малдини, Ешли Кол, Стивен Џерард, Френк Лампард, Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Тиери Анри и Дидие Дрогба“, истакна Тери.
„Тренер е Мурињо. Тој е најдобар тренер со кој што сум работел. На среќа, никого не го вознемири овој избор“.