Џо Харт далеку од славните денови: Го сака тим од долниот дел од втора лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити од 2016. година го прати Џо Харт на неколку позајмици, за конечно изминатото лето да ги напушти Граѓаните откако Барнли го реализираше неговиот трансфер за нешто помалку од четири милиони евра.

Ни во Барнли Харт не може да ја пронајде формата од славните денови,  па не е чудно ни овде да го изгуби своето место во првиот тим.

Не поминаа ниту два натпревари за Барнли, а британските медиуми пренесуваат дека второлигашот Престон верува дека може да го доведе искусниот голман во своите редови, барем на позајмица до крајот на сезоната.

Инаку, Престон моментално е на 17. место на табелата на Чемпионшип, а останува да се види дали овој клуб навистина ќе успее да го реализира овој трансфер.

Којзнае, можеби Харг во Престон ќе ја пронајде својата вистинска форма.