Џузепе Роси никогаш не крена бело знаменце: На повидок кам бек на голема врата?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џузепе Роси некогаш беше еден од најталентираните италијански напаѓачи, но повредите речиси го уништија.

Роси некогаш беше член на Манчестер Јунајтед каде не доби баш шанса да се докаже, но тоа го направи со заминување во Виљареал каде го воодушеви фудбалскиот свет со своите игри. Сепак, тешките повреди на коленото го сопреа да оствари голем трансфер, но овој 31-годишен напаѓач не сака да се откаже.

Тој се уште е без клуб откако му истече договорот со Џенова каде одигра девет меча изминатата сезона. Роси повторно се повреди, а клубот не му понуди нов договор. Сепак, италијанските медиуми пренесуваат дека Роси повторно е подготвен за враќање и како што се наведува би требало да потпише за Фиорентина.

„Роси би бил најсреќен да се врати во Фиорентина со која сме во контакт. Го остави срцето во Фиренца и верувајте дека само таму сака да оди. Во контакт сме со клубот и ќе видиме што ќе се случи на крајот“, истакна неговиот агент, Федерико Пасторело.

Роси во дресот на Фиорентина играше од 2013. до 2016. година и одигра 42 меча со 19 постигнти погодоци и осум асистенции.