10 најефикасни тимови во најсилните 5 европски лиги


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во најсилните лиги во Европа досега беа одиграно 8,9 или 10 кола и време е за прв коментар.

    Некои клубови имаат резултати над сите очекувања, а најдобра пример е Ница која се наоѓа на 1-то место во Франција.

    Во продолжение следат клубовите:

    На делба на 10-та позиција се Ница и Јувентус.

    Јувентус има постигнато 20 голови на 10 натпревари. Најдобар стрелец е Игуаин со 6 голови.
    Ница има исто така постигнато 20 голови на 10 натпревари. Најдобар стрелец е Плеа со 6 голови, а го следи Балотели со 5 голови.

    1. Ливерпул

    Тие постигнаа 20 голови на 9 натпревари. Дури 3 играчи на Ливерпул имаат постигнато по 4 голови и тоа Кутињо, Милнер и Мане.

    1. Манчестер Сити

    Сити има постигнато 20 голови на 9 натпревари. Агуеро е најдобар стрелец со 5 голови.

    1. Борусија Дортмунд

    Дортмунд оваа сезона успеа да постигне 20 голови, но на 8 натпревари. Најдобар стрелец е Обамејанг со 7 голови.

    1. Баерн Минхен

    Тие имаат ист резултат како Борусија Дортмунд, а најдобар стрелец е Левандовски со 5 голови.

    1. Атлетико Мадрид

    Тие на 9 натпревари постигнаа 21 гол, а најмногу постигна Гризман – вкупно 6.

    1. Реал Мадрид

    Реал се наоѓа на 4-то место со 24 голови на 9 натпревари во Ла Лига. Најдобар стрелец е Бензема со 4, а го следи Бејл со 3 голови. Интересно е тоа што Роналдо оваа сезона има постигнато само 2.

    1. Рома

    Рома игра одлично оваа сезона, а податокот дека овој тим постигнува по 2.6 голови по натпревар е фантастичен. Фудбалерите на Рома во 10 натпревари имаат постигнато 26 голови, а Џеко е најдобар стрелец со 10.

    1. Монако

    Дефинитивно изненадување на листата. Монако во претходните сезони не беше ефикасен тим, но нешто се смени оваа сезона и тие постигнаа 29 голови на 10 натпревари. Најдобри стрелци се Фабињо и Лемар со 4 голови.

    1. Барселона

    Очекувано, на прво место се наоѓа Барселона која има 29 голови на 10 натпревари. Најдобри стрелци се Суарез и Меси со по 7 постигнати голови.