14 погодоци во последните 15 натпревари - Дали овој напаѓач е во најдобра форма во Европа?

Шпанскиот напаѓач продолжува со својата чудесна серија оваа сезона.

Јаго Аспас ја игра можеби најдобрата сезона во својата кариера.

Тој во среда постигна гол во победата против Реал Мадрид и тоа беше негов 14-ти гол на последните 15 натпревари во сите натпреварувања.

Се на се, Аспас оваа сезона одигра 24 натпревари и постигна 15 голови, 11 во Примера, а тоа покажува дека е во одлична форма.