„На трибини прва лига, а на терен недостојни ни за второлигаши“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вардар неуспешно ја почна втората полусезона во Втората лига, откако одигра 0-0 на гостувањето кај Охрид, а тоа предизвика револт и незадоволство кај најверните навивачи „Комити“.

Навивачите во голем број заминаа за Охрид, но незадоволни се враќаат од гостувањето бидејќи нивниот тим остана без победа, па поради тоа испратија директна порака до фудбалерите на најтрофејниот македонски тим.

„На трибини прва лига, на терен недостојни ни за второлигаши !

Штетата е направена, Вардар е доведен во подредена положба, и веќе нема никаква контрола над ситуацијата на табела, и натамошниот дел од првенството.

‘Бидете спремни на долг престој во втората лига’ – тоа е пораката која ни ја испратија со оваа голема НУЛА“, беше пораката на навивачите.