Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Џејмс Харден со неверојатни 53 поени, 17 асистенции и 16 скокови ја одбележа минатата ноќ во НБА, а неверојатна претстава имаше и Расел Вестбрук кој во победата на Оклахома против Клиперс имаше нов трипл-дабл, 16-ти во сезоната.
Скоро звучи неверојатно дека до трипл-дабл(11 поени, 12 асистенции и 10 скокови) дојде во првото полувреме, поточно за 19 минути игра.
На крајот тој имаше постигнато 17 поени, 14 асистенции и 12 украдени топки.
Ова сепак не е најбрз трипл-дабл во НБА лигата. Џим Такер во 1955 година тоа успеа да го направи за 17 минути.