Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ако денот се познава по утрото и денес ќе следиме прекрасни натпревари во рамките од првото коло во Премиер Лигата.
На „Сент Џејмс Парк“ во моментов играат Њукасл и Тотенхем и по нешто повеќе од петнаесет минути веќе бевме сведоци на три гола.
Најпрво Фертонген во 8. минута го отвори резултатот со гол со глава, кој беше досуден со помош на популарната „гол-лајн“ технологија.
#thfc GOAL! Jam Vertonghen scores Spurs’ first goal of the season as he heads home from close range!
??#COYS pic.twitter.com/NhwnEH1I8C
— James McCarthy (@JMcCarthyLIVE) August 11, 2018
Радоста на гостите траеше само три минути затоа што домашниот тим преку Хоселу изедначи на 1:1. Одлична топка во шеснаесетникот на Тотенхем упати Мат Ричи, а шпанскиот напаѓач без проблем ја затресе мрежата на Лори.
Во 18. минута повторно со глава Деле Али погоди за водство на Тотенхем од 2:1. Интересно е што сите голови паднаа по удари со глава.