„Кирјос може да биде најдобар“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Рафаел Надал смета дека Ник Кирјос ќе биде предводник на новиот бран во светскиот тенис. Шпанецот смета дека Ник би можел да стане и најдобар во светот.

„Кирјос е веќе во самиот врв. Тој е тенисер со неверојатен потенцијал. Мора да биде фокусиран на себе и на тоа да стане број еден.“

Моментално 9-от тенисер во светот верува дека младите играчи ќе имаат големо влијание во 2017-та година.

„Ова е период на транзиција во кој се преклопуваат 2 генерации. Федерер, Ѓоковиќ, Мареј и јас направивме големи резултати, а сега на сцена доаѓа нова генерација која секоја година се повеќе напредува.“

Надал во 2016-та го пропушти Вимблдон и се повлече во 3-то коло на Ролан Гарос поради повред на зглобот на левата рака додека на УС Опен беше поразен од Пуиј во 4-то коло.

На Австралијан Опен беше елиминиран во првото коло од Вердаско.

„Тренирам напорно и моментално се е во ред. Имам голема желба да работам и засега успевам да го постигнам тоа што го планирав.“