30 секунди му беа потребни на Данило да погоди во дебито за Јувентус (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Дерби натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи започна со принудна измена во 15. минута кога Де Шиљо излезе и му го отстапи местото на Данило.

Со тоа, Данило ги доби првите минути во дресот на Јувентус по неговиот трансфер од редовите на Манчестер Сити. На бразилскиот бек му беа потребни само 30 секунди да постигне погодок во дресот на клубот од Торино.

Во една брза контра беше проигран од Даглас Коста и без грешка шутираше матирајќи го Алекс Мерет кој е на голот на Наполи.