Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Натпреварот започна израмнето и така остана до 5-та минута кога резултатот беше 2:2.
Потоа Вардар направи серија од 3 голови преку Чупиќ, Дибиров и Борозан и зголеми на 6:2 и ова практично беше почеток на агонијата за тимот на Загреб.
Колку и да се обидуваа да се вратат во игра, тие не успеваа и на полувремето Вардар замина со предност од 19:12.
Во продолжението следуваа уште неколку серии на торпеда и голови во мрежата на Загреб и постојатно се зголемуваше предноста на Вардар.
На крајот Вардар успеа да победи со 36:28, а најдобар во тимот на Вардар беше Чупиќ со 8 постигнати голови додека кај Загреб, Хорват успеа да постигне 8 голови.