Дибала и Игуаин го средија Лацио – Нова победа на Јувентус во Серија А (ВИДЕО)


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус на домашен терен го совладаа Лацио со 2:0 во натпревар од 21-то коло во Серија А.

Само после пет минути игра Јувентус имаше водство. Пауло Дибала постигна фантастичен погодок.

На вториот погодок во мрежата на Лацио се чекаше до 17-та минута кога Гонзало Игуаин на асистенција на Хуан Квадрадо го зголеми водството на клубот од Торино.

Лацио преку Савиќ се закани кој беше непрецизен. Пред крајот на првото полувреме Бонучи шутираше непрецизно.

Дибала во второто полувреме имаше шанси за погодок, но не ги претвори во погодок. Јувентус на крајот победи и ја запиша 16 победа оваа сезона.