4 натпревари и 9 голови – Муса Дембеле е машина за голови!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Младиот фудбалер на Селтик, Муса Дембеле игра одлично.

Овој 20 годишен играч минатото лето дојде од Фулам во Селтик, а оваа сезона покажа за каков талент станува збор.

Дембеле оваа сезона на 42 натпревари постигна 29 голови, но посебно е импресивен во последно време.

Овој напаѓач на последните 4 натпревари постигна 9 голови, од што на два натпревари имаше хет-трик.

Муса Дембеле потврди дека е премногу доминантен за првенството во Шкотска, па се очекува да замине во некоја посилна лига.

За младиот фудбалер интерес покажаа Челси и Баерн.