5 предлози за супер секси валентин


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денот на вљубените доаѓа само еднаш годишно и тоа е совршена можност да му дадете до знаење на вашиот партнер колку ви значи. Изборот на подарок за денот на вљубените е еден едноставен начин да покажете како се чувствувате и да вратите дел од романсата што малку се губи во секојдневниот живот. 

Се разбира, подароците не се сè. Одвојување време за да бидете заедно е одличен начин за зајакнување на вашата врска и подобрување на интимноста. Интимноста помеѓу партнерите веројатно е најважното нешто за долготрајноста на врската или бракот. Затоа, ние сме тука со неколку идеи за совршено изненадување за вашиот партнер за Денот на вљубените. Без разлика дали барате нешто забавно, романтично или едноставно практично, ви нудиме одлични идеи за една интересна ноќ.

  1. Играјте секси игри за парови

Доколку барате креативни начини за да се поврзете со вашиот партнер, ви предлагаме да пробате забавни секси игри, кои можете да ги купите од онлајн секс шоп. Овие игри имаат за цел да внесат повеќе романтика и страст во вашата врска. Особено паровите кои се во долготрајни врски можат да имаат корист од вакви игри за да ја прекинат здодевната рутина.

Играњето секс игри може да биде одлична предигра за прославување на Денот на вљубените. Без разлика дали сакате романтични секси игри или сте повеќе за жешки фантастични игри за парови, ова е дефинитивно одличен начин да го подобрите вашиот сексуален живот. Со овие игри можете ја истакнете вашата конкурентна страна, да се смеете со партнерот и да имате навистина жежок секс, и сето тоа во исто време. 

  1. Облечете секси долна облека

Денот на вљубените е одлична прилика да го изненадите вашиот партнер со ново парче секси долна облека. Класичниот потег да се изненади и заведе партнерот е да се појавите носејќи само палто, високи потпетици и секси долна облека под палтото. Исчекувањето да го соблечете палтото и да откриете што носите под него ќе ги разгори страста и возбудата во вашиот партнер.

Плус, секси долната облека не е само за мажот. Тоа може да и помогне на жената да се чувствува посекси и помоќно, да се опушти и да испроба нови жешки секс пози. Понекогаш, потребно е ново ниво на сексуална самодоверба за да излезе на површина нескротливата заводничка страна на секоја жена.

Ако сакате да инвестирате во ново парче секси долна облека за оваа пригода, бидете сигурни дека има голем избор на различни модели без разлика на вашиот стил. И навистина, нема подобар начин да го прославите празникот од тоа да се почестите себеси со нешто убаво, а во исто време да испллните една од фантазиите на вашиот партнер.

  1. Користете секс играчка

Секс играчките се неопеани херои на сексуалната благосостојба и интимност. Секс играчките можат да предизвикаат различни сензации, да донесат разновидност и новина во спалната соба, да стимулираат тешко достапни ерогени зони, па дури и да откријат нови ерогени зони за кои не сте знаеле дека постојат. Секс играчките ни помагаат да ја негуваме сексуалната писменост за подобро да ги разбереме нашите тела и задоволството.

Нашиот предлог е да изберете нешто што би било стимулирачко за двајцата, како на пример еден од разновидните видови на прстени за пенис кои вибрираат. Тие се одлично решение за истовремена стимулација на двајцата партнери и гарантираат поголемо задоволство и забава. Уште една добра идеја е да пробате вибратор со далечинска контрола или уште подобро контрола преку апликација на телефон. Овие видови на вибратори се особено популарни бидејќи можете целосно да се опуштите и да оставите партнерот да ја контролира брзината и интензитетот на вибрациите.

  1. Опуштете се со еротска масажа

Сензуалната масажа е една од најлуксузните форми на „предигра“ што постои, бидејќи предиграта не вклучува само бакнување како кога сме биле тинејџери. Еротската масажа е совршен начин да се поврзете физички и емоционално со вашиот партнер, пред да преминете на главниот чин.

Не е битно дали планирате да го масирате партнерот во вашата спална соба или дневна соба, се додека атмосферата е опуштена. За тоа е потребно да запалите ароматични свеќи и да ја затоплите просторијата. Купете масло или лосион што ќе ви овозможи вашите раце да се лизгаат по телото, оставајќи ја неговата кожа мазна. Можете да користите обично масло за масажа, но ако изберете специјално масло за масажа кое смее да се конзумира, тогаш е безбедно да да масирате и некои поделикатни делови на телото…

  1. Испробајте нова секс поза

Сексот често може да стане рутина кога сте долго време со парнерот. Таквата сексуална рутина може да стане монотона и со тоа да се изгуби интимноста меѓу партнерите. Наш предлог за Денот на вљубените е да го изненадите партнерот со некоја нова секс поза која е поразлична од се што сте пробале досега.

Ако навистина сакате да го импресионирате вашиот партнер, можете прво да го изненадите со романтична вечера, после која ќе следува навистина страстна ноќ. 

Ве советуваме да поставите маса, со специјални украси и прибор за јадење, да запалите свеќи, да пуштите тивка музика во позадина и да подготвите некое од вашите омилени јадења. Ова ви дава можност да уживате во друштвото на вашиот партнер без никој да ве вознемирува. Искористете го овој момент да му шепнете на партнерот нешто секси, или споделете некоја ваша сексуална фантазија. Ова е одлична предигра за она што ќе следува после.