Официјално: Евертон го потврди Пикфорд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Џермејн Пикфорд и официјално е нов фудбалер на Евертон откако за 25 милиони фунти пристигна од редовите на Сандерленд.

Цената за младиот голман може да порасне и до 30 милиони фунти во зависност од неговите настапи со што го прави третиот најскап голман во историјата на фудбалот. Меѓу другото, Пикфорд е најскапото засилување во историјата на Евертон.

„Прекрасно  е чувството кога потпишуваш за клуб од ваков калибар. Минатата сезона беше моја прва во Премиер Лигата, па сега оваа можност со Евертон, каде имам можност да напредувам во кариерата и да покажам на другите што можам е неверојатна.“- коментираше Пикфорд кој во овој момент се наоѓа во Полска на Европското првенство за млади играчи.