Видео: Алиоски со деби гол за Лидс против Еибар

Езгјан Алиоски го постигна својот прв гол во дресот на Лидс Јунајтед откако на пријателскиот натпревар против Еибар погоди за намалување на резултатот на 3:2.

Натпреварот се уште е во тек, а шпанскиот тим имаше огромна предност по првото полувреме од 3:0.

Алиоски доби шанса на стартот од вториот дел од натпреварот, а Лидс заигра многу подобро во продолжение.  Македонскиот репрезентативец го постигна голот во 73. минута.