Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најдобрата македонска фудбалска репрезентација уште еднаш немаше среќа и овој пат ремизираше со Албанија во натпреварот одигран во Струмица.
Македонија започна со истиот состав од натпреварот во Израел и почна доста агресивно кон голот на Бериша. Шансите за нашите репрезентативци во првиот дел се редеа како на филмска лента, но за жал без успех.
Во вториот дел Албанија поведе уште во 53. минута со голот на Роши. Играчот на Легија, Армандо Садику испрати употреблив центаршут кој Роши го зафати и од косо го матираше Столе Димитриевски.
Во продолжение продолжија нападите на нашата селекција, но ударите на Велковски, Спировски и Алиоски не донесоа погодок за израмнување.
Одличната игра вроди со плод дури во 78. минута од натпреварот кога стрелецот на голот Роши играше со рака во сопствениот шеснаесетник, а судијата покажа на белата точка. Трајковски беше сигурен реализатор на пеналот и донесе надеж дека нашата репрезентација може да стигне и до победа.
Во последните десет минути трагичар беше Илија Несторовски. Играчот на Палермо најпрво излезе очи в очи со Бериша, меѓутоа место да бие се реши да го дрибла, а голманот на Аталанта ја прозре неговата намера. Потоа следуваше еден фантастичен удар на Алиоски кој Бериша го одбрани, а на одбиената топка налета Несторовски кој исто така биеше во голманот на Албанија.