Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Алегри беше задоволен од издането на своите фудбалери.
Јувентус во 25/. коло како гостин го совлата Торино со 1:0 и продолжи во трката за титулата со Наполи.
Градското дерби за Јуве дојде во прилично незгоден момент, откако ремизираа со Тотенхем во ЛШ, кога исталијанскиот првак прокоцка водство од 2:0.
„Денес моите фудбалери одиграа сјаен меч и им честитам за начинот на кој го одиграа овој предизвик. Докажавме дека реми натпреварот со Тотенхем не е трагедија, имаме реванш и уверен сум дека можеме да поминеме понатаму“, започна Алегри и додаде:
„Горд сум на своите фудбалери и среќен сум што продолжуваме во борбата на три фронта. Во својата екипа имам инзворедни фудбалери и среќен сум што можам да ги тренирам“.
Ова беше 21. победа на Јувентус во оваа сезона.