Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во саботата на Стамфорд Бриџ Челзи и Арсенал одиграа уште едно големо лондонско дерби во кое сините славеа со 3:2.
Повторно еден од најдобрите во победничкиот тим беше французинот Нголо Канте кој по обичај беше господар на средината на теренот и му помагаше на своите соиграчи да дојдат до голема победа.
Канте е еден од најомилените фудбалери на денешницата, а покрај тоа што е фантастичен играч на луѓето им е драг и поради својата скромност во која се увери и еден навивач на Арсенал.
Млад дечко под името ,, Sharky” се пофали со фотографија со Канте на Твитер, тој на кратко ја опиша нивната средба.
”Му реков на Канте дека сум навивач на Арсенал и дека бев нервозен поради натпреварот од викендот, а тој само се насмеа и ми рече ,,Извини”. Каков човек”- напиша навивачот на Арсенал.