Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Го нема повеќе на мапата.
ФИФА вчера објави дека Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Мохамед Салах се номинирани за наградата ,,THE BEST” која се доделува на најдобриот играч на светот.
Фудбалската јавност е изненадена бидејќи во оваа конкуренција не се најде Лионел Меси кој освои дупла круна со Барселона односно доби Златна Копачка за најдобар стрелец во Европа.
Сепак, ФИФА верува дека Роналдо, Модриќ и Салах направиле повеќе од Меси и тие се вистинскиот избор за Топ 3.
Меѓутоа многумина забележаа дека Кристијано Роналдо воопшто не се споменува во објавите на Реал Мадрид околу номинацијата иако благодарение на играта во дресот на овој клуб тој е номиниран за оваа награда.
Реал Мадрид објавија дека се гордее што Модриќ е во трка за најдобар играч на светот, а Бејл за гол на годината.
Сепак, Роналдо никаде не е споменат иако тоа навистина го заслужува бидејќи со години е најдобар играч кај Кралевите, а им донесе дури четири титули во Лигата на шампионите во последните пет години.
Фудбалската јавност му порача на кралскиот клуб дека Роналдо заслужува да биде барем споменат без оглед што сега е играч на Јувентус.
?⚽3⃣ @lukamodric10 está entre los finalistas al Premio The Best al Jugador de la FIFA 2018! #HalaMadrid pic.twitter.com/rlckDLdTrT
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) September 3, 2018