Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако е Сити доминантен и до четвртата победа стигна уверливо во саботата против Фулам со 3:0, шпанскиот стручњак не е до крај задоволен.
За време на мечот Пеп покрај аут линијата искажуваше незадоволство, маваше со рацете и очигледно не беше до крај задоволен.
,,Мојата реакција е таква кога се пропуштаат едноставни работи, тогаш не можам да се носам ни самиот со себе”- рече Гвардиола и притоа додаде:
,,Бесен сум кога има едноставна топка, но се игра некој додатен пас. Играчите тоа го знаат, разговаравме околу тоа, нема непотребни додавања. Не ми е гајле ако промашат шанса, но кога дриблаат, па изгубат топка, е тоа е проблем”.
Сити после пет натпревари има забележано четири победи и едно реми, а оваа сезона ја брани титулата во силна кокуренција со Ливерпул и Челзи како и Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Арсенал.