9-те отпишани кои Челси ги отфрли, а сега фантастично би се вклопиле во формацијата 3-4-3 на Конте


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Челси под водство на Антонио Конте изгледа одлично, но можеа да бидат уште подобри.

Италијанскиот тренер ги воодушеви англичаните со формацијата 3-4-3. Челси моментално е на првото место со 3 бода предност во однос на Арсенал и се изгледа дека клубот од Стемфорд Бриџ ќе биде еден од главните конкуренти за титулата во ПЛ.

Да не беа неколкуте неразмислени продажби тоа купување можи немаше да се случи. Во текот на последните години на Стемфорд Бриџ заминаа неколку фудбалери кои одлично би се вклопиле во формацијата 3-4-3 на Конте, а фудбалскиот портал Squawka најде девет такви фудбалери.

Хуан Квадрадо (Јувентус)

Технички уште е фудбалер на Челси, но клубот од Стемфорд Бриџ го прати колумбиецот на 3-годишната позајмица во Јувентус. Во актуелниот состав на Конте, Квадрадо би бил добредојден како замена за Мозес и Педро.

Мохамед Салах (Рома)

Египќанецот фантастично се адаптира во Рома како стрелец и асистент, она што на Конте му треба.

Ориол Ромеу (Саутемптон)

Моментално е четврт фудбалер во ПЛ по број на освоени дуели. Ромеу ќе беше замена за Канте, а по статистиката е нешто послаб од французинот.

Рамирес (Џиангсу Сунинг)

Неговото искуство и енергичниот стил на игра би бил добредојден во Челси во замена за Мозес, па дури и Матиќ. Но, парите кои ги доби клубот од Стемфорд Бриџ од кинезите беше преголем за Конте да жали за бразилецот.

Андре Шурле (Борусија Дортмунд)

Во Борусија сега игра на позицијата офанзивен фудбалер за врска, нешто слично во Челси играат Азар или Педро.

Рајан Бертранд (Саутемптон)

Има различен стил на игра од Маркос Алонсо, но е во состојба одлично да ја покрие левата страна на одбраната.

Џефри Брума (Волфсбург)

Иако има 25 години, холанѓанецот диригира со дефанзивата и сигурно добро би се вклопил во формацијата 3-4-3.

Кевин Де Брујн (Манчестер Сити)

Знаевте дека тој мора да се најде на оваа листа, а навивачите на Челси само можат да жалат за потенцијалната комбинација Азар – Де Брујн.

Хуан Мата (Манчестер Јунајтед)

Мурињо не го сакаше, ама за Конте би бил фантастичен, ќе беше решение за во средниот ред, би бил замена за Педро.