Рома на Твитер жестоко „спушти“ навивач на Јунајтед


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед минатиот викенд после пресврт победија над Њукасл на натпревар одигран на Олд Трафорд со 3:2.

Црвените ѓаволи на полувремето на овој натпревар губеа со 2:0 и се чинеше дека нив ги чека уште една нова катастрофа. Сепак, во продолжението на натпреварот играа многу подобро, па успеаа да дојдат до пресврт во резултатот, а тоа ги воодушеви навивачите на Манчестер Јунајтед.

Сепак, посебно внимание на Твитер привлече еден од навивачите на овој клуб. На полувремето бил бесен на играчите на Јунајтед и им порача дека повеќе нема да навива за нив и дека станал навивач на Рома, но после мечот се премислил.

Меѓутоа, неговата реакција на Твитер не помина незабележително, а дури и Рома се огласи. Римскиот клуб знаеше како да го испровоцира овој навивач, но и Мначестер Јунајтед со зборовите ,,Најкратката фудбалска Твитер љубовна приказна која ќе ја видете” алудирајќи на тоа дека само неколку минути навивал за вистински клуб.