Што ќе кажат навивачите на Барса? Дресот на Рамос по натпреварот отиде во занимливи раце


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона минатиот викенд го декласираа на свој терен лутиот ривал Реал Мадрид со 5:1 во дерби од 10тото коло во шпанската Ла Лига.

Каталонскиот клуб стигна до победа многу полесно од очекуваното, а Реал Мадрид повторно со пет гола во својата мрежа го напушти Ноу Камп.

Голема навреда од трибините доби капитенот на гостите Серхио Рамос, а во негова одбрана застана Жерерд Пике.

После натпреварот Рамос одлучи да размени дресови со Дембеле што не им се допадна на навивачите на Барселона.Францускиот напаѓач и онака се наоѓа на голем удар на јавноста, а овој потег нема да му помогне.

Иако Дембеле не го задржа дресот за себе и го даде на својот брат, сепак на крај навивачите на Барселона искажаа големо негодување на друштвените мрежи што го зел дресот од Рамос.