Перез не жали пари: На Покетино му се нуди богатство?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Жулиен Лопетеги повеќе не е тренер на Реал Мадрид, а клубот до именување на нов тренер ќе го води Сантиаго Солари.

Како замена за Лопетеги се споменува италјанскиот стручњак Антонио Конте, но од неговото доаѓање на Сантиаго Бернабе нема да биде ништо.

Претседателот Флорентино Перез се труди да го донесе аргентинскиот стручњак Маурицио Покетино, актуелен менаџер на лондонски Тотенхем.

Перез е спремен да ги сруши апсолутно сите рекорди како би го ангажирал Покетино, па спремил понуда од 100 милиони евра за петгодишен договор.

Проблемот е тоа што Покетино ова лето потпиша нов договор со Спарси.

Лондонскиот тим сигурно нема намера толку лесно да се ослободи од услугите на овој стручњак, иако клубот е во резултатска криза.

Сепак, понуда на Реал не се одбива така лесно. Кралевите наводно се спремни да му ја понудат и главната улога во ангажирање на засилување.

Со сопствениците на Тотенхем сигурно ќе може да се разговара и не треба се чудите доколку на крајот биде постигнат договор.