Сусо со голем трансфер се враќа во Премиер лигата?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерот од екипата на Милан, Хесус Сусо (24) би можело да се врати во англиската Премиер лига.

Како што наведуваат италјанските медиуми, лондонскиот Челзи е заинтересиран за овој 24 годишен фудбалер и се обидува да го донесе во своите редови веќе во јануарскиот преоден рок.

Сусо од 2010 до 2015 година го носеше дресот на Ливерпул, но бидејќи никогаш не доби вистинска шанса одлучи да замине во Милан каде оваа сезона е навистина одличен.

Шпанецот оваа сезона директно учевствуваше во 10 голови на Милан и тоа во само 11 натпревари. Постигна три, а асистираше дури седум пати.

Таквата игра го привлече Челзи. Тие се спремни да платат 40 милиони евра за откупна клаузула па Сусо, а доколку Милан сака да го продаде веќе од јануари би можеле да го гледаме во дресот на тимот на Стемфорфд Бриџ.

Договорат на Сусо со Милан истекува летото 2022 година.