Навивачите на Тотенхем синоќа првпат го исвиркаа Покетино


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем Маурицио Покетино синоќа доживеа нешто што му се немаше случено во последните пет години додека е на клупата на Спарсите.

По средбата со ПСВ при резултат 0:1 Покетино во 62 минута одлучи од игра да го изваде агилниот Лукас Моура што не им се допадна на навивачите на Тотенхем кои го исвиркаа својот тренер.

Покетино на терен го испрати Лоренте кој даде голем допринос за победата на Тотенхем со резултат 2:1.

,,Навивачите ги разбирам, а ова е прв пат во пет години да ме критикуваат бидејќи не се сложија со мене. Но на крај беше 2:1”- започна Покетино кој продолжи:

,,Секогаш е тешко да се донесе некоја одлука, а секако дека навивачите понекогаш се разочарани. Тие сакаат да играте со девет или десет напаѓачи кога губите. Се обидувавме да најдеме решение, а тоа беше да го пуштиме Лоренте.

Некогаш луѓето зборуваат дека Покетино нема план Б или план В, а јас на тоа немам што да кажам.

Повторувам, ја разбирам таа реакција можеби и јас да бев на трибината и јас ќе свиркав”- заврши Покетино.

Победата над ПСВ му беше прва во Лигата на шампиони оваа сезона во која Спарсите останаа во борба за пласман во нок-аут фазата.