Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Судија од етичката комисија на ФИФА, Сундро Раџо е приведен во Малезија поради сомнение за корупција.
Истрага се води за неговата позиција во Меѓународниот арбитражен центар во Азија, не поради позицијата во ФИФА.
Неговите адвокати соопштија дека Раџо е задржан во полиција затоа што се вратил од Цирих каде бил во седиштето на ФИФА.
Судот одби задржување и притвор поради тоа што тој има дипломатски имунитет и привилегии, наведуваат неговите адвокати.
Сепак Раџо поднесе оставка на својата позиција во Меѓународниот арбитражен центар на Азија.
Во просториите на неговата канцеларија е извршен претрес во понеделникот пред да биде уапсен во вторникот.
Тој е вработен во ФИФА минатата година.