Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската ракометна репрезентација успеа да ја запише и втората победа на Светското првенство во Германија и Данска, откако го совлада Бахреин со 28-23.
Македонија почна одлично, па стигна до +4 (6-2) на ссамиот старт, но потоа следуваше неверојатна серија од пет погодоци на Бахреин за пресврт и водство од 7-6 за нив. Сепак, како минуваше времето, нашите ракометари направија целосен пресврт и стигнаа до конечни 12-8 во првото полувреме.
Во второто полувреме, Македонија играше фантастично, па постојано ја зголемуваше предност, а неколку пати стигна до +8 (26-18), но Бахреин успеа да намали до крајот и нашата селекција триумфираше со 28-23.
Најдобар стрелец на мечот беше Кире Лазаров со осум погодоци.