Стоилов донесе победа на Вардар!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со голот постигнат на 30 секунди до крај на натпреварот капитенот Стојанче Стоилов, Вардар победи на дуелот во Висла Плоцк, 34-33 (16-14) во вториот натпревар од „Белгазпромбанка” купот во Брест, Белорусија.

Вардар одлично го отвори натпреварот и поведе со 7-1 што беше уште една најава за нов триумф во Белорусија. Но, Висла успеа да се врати во игра и на крајот од првиот дел имавме водство од 16-14. Одлично прво полувреме одигра Кањељас со пет гола, а Бразилецот Рожерио трипати погоди, додека исто толку голови постигна и Дибиров.

Второто полувреме беше изедначено, и се играше „гол за гол” без ниту една екипа да направи резултатско бекство. Најмногу што имаше водство и Вардар и Висла беше еден гол. Во последната минута Стојанче Стоилов го постигна својот прв, но за Вардар победнички гол со кој нашиот тим ќе се бори за првото место на турнирот против домаќинот Мешков.

Вардар – Висла 34-33 (16-14)
ВАРДАР: Штербик, Стоилов 1, Недановски, Поповски, Милиќ, Рожерио 5, Македа 2, Ѓорѓески, Душебаев 4, Абутовиќ, Кањељас 7, Ангелов, Дибитров 6, Шишкарев 5, Борозан 4, Ончев.