Мурињо се огласи во јавноста и откри каде сака да продолжи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Португалскиот стратег кој пред еден месец заработи отказ од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо истакна дека е премногу млад за да се пензионира од фудбалот.

Искусниот стратег инсистира дека и покрај својот втор отказ во кариерата се уште припаѓа на ние топ менаџери кои ги водат најдобрите светски клубови.

„Сакам да продолжам да тренирам. Јас сум многу млад, во фудбалот сум долго, долго време, но ќе наполнам 56 години за неколку недели и навистина сум многу млад. Ќе останам онаму каде што припаѓам, во фудбалот. Припаѓам на врвниот фудбал и таму ќе бидам во иднина“- коментираше Мурињо.