Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Повредата на најголемата ѕвезда на Тотнем, Хари Кејн, направи големи проблеми на лондонскиот тим, а тренерот Маурицио Покетино сака да најде негова замена.
Многу имиња се поврзуваат до пристигнувањето во редовите на лондонскиот тим, а ново име на листата е Антонио Санабрија од Бетис.
Сепак, потписот на Парагваецот чини дури 30 милиони евра, односно толку е неговата откупна клаузула. Тотнем нема многу избор, па доколку сака замена за Кејн, тогаш ќе мора да ја плати споменатата сума.
Овој 22-годишен фудбалер е член на Бетис од 2016 година кога стигна од Рома, а сезонава постигна пет голвови во 21 настап за клубот.
Инаку, Кејн се повреди во средбата против Манчестер јунајтед, кој се играше во неделата на „Вембли“, па ќе мора да паузира до март.