Млада ѕвезда сака да се сели во Шпанија, но Рајола го убедува да се пресели во Јувентус!?

Барселона го ангажираше Френки Де Јонг од Ајакс, па сега има намера да го купи и Матијас де Лит.

Холанѓанецот има желба да се пресели во Каталонија, но суперагентот Мино Рајола смета дека за него е подобро да замине во Јувентус.

Контроверзниот менаџер смета дека таму ќе добие шанса покрај Кјелини и Бонучи, па би напредувал многу повеќе таму отколку во Барселона.

Зад целиот процес стои Павел Недвед, поранешниот клиент на Рајола, кој е подготвен да плати со Јувентус околу 50 милиони евра за младиот стопер.

„Мундо Депортиво“ смета дека Рајола го има последниот збор и дека неговите фудбалери ретко не го слушаат неговиот совет.