Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ги воодушеви своите фанови на Инстаграм со вчерашната објава.
Тој решил преку Инстаграм да и честита роденден на својата поубава половина, Георгина Родригез која вчера го прослави својот 25. роденден. Роналдо и Георгина се веќе неколку години во врска и се очекува во скоро време да стапнат на лудиот камен.
Тие заедно имаат едно дете, а Роналдо со помош на сурогат мајки доби уште три деца. Георгина и тоа како се грижи за нив и се чини дека е жена каква што Роналдо чекал.
Неговата честитка на Инстаграм ги воодушеви сите. Играчот на Јувентус покажа колку ја сака својата идна сопруга.
„Среќен роденден на најпрекрасната жена која Бог можеше да ја стави на мојот пат“, напиша Кристијано.