Челси сака ѕвезда на Барселона! (ФОТО)


Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Барселона почна да инвестира во својот среден ред, откако го ангажираше Френки де Јонг од Ајакс, кој треба да пристигне во текот на летото.

Поради тоа би можел да следува ремонт во средината од теренот, а еден од фудбалерите, кои треба да заминат е Иван Ракитиќ.

Шпански „Спорт“ пишува дека Ракитиќ би можел да го напушти шпанскиот шампион, а ако наскоро потпише и Адриен Рабио, тоа Хрватот ќе го направи уште зимава.

Челси има потреба од искусен фудбалер во средината од теренот, па поради тоа сакаат да го ангажираат Ракитиќ, кој би го добиле по некоја пристојна цена.