Има и такви: Играч на Борусија Дортмунд ги одбил милионите на ПСЖ


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд и германски репрезентативец, Жулијан Вајгл потврди дека ја одбил понудата на ПСЖ која стигнала на негова адреса овој преоден рок.

„Мора да прифатам дека луѓето во мојот клуб не сакаа да ме ослободат. Затоа ја одбив и понудата. Сега сум сконцентриран на успех со Борусија Дортмунд“- истакна 23 годишниот фудбалер во интервју за „Спорт Билд“.

Наместо Вајгл, на „Паркот на принцовите“ веројатно ќе пристигне фудбалерот на Евертон, Идриса Гана Геје.