Тотенхем, никогаш видено, истиот играч го „доведоа“ во јули, па во јануари!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Цела Англија синоќа беше на нозе чекајќи го исходот од последниот ден од зимскиот преоден рок.

Иако не потрошија премногу, видовме многу интересни трансфери и навивачите се надеваат дека нивните тимови го добија она што го сакаат.

Но не и навивачите на Тотенхем на кои им беше јасно дека од купувањето ни овој пат нема да биде ништо.

Спарсите се обидоа да го добијат Мичи Бачуаи, но Челзи не сакаше да го пушти на позајмица.

Од тогаш почна лавината на шеговити коментари, а посебно издвојуваме еден кој сликовито објасни кое е новото „засилување“ на Тотенхем.