Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Навивачите на Атлетико баш не го сакаат Алваро Мората. Беа против неговото пристигнување, иако првите чекори ги направи во клубот, но сепак него го врзуваат за Реал, па покрај тоа сметаат дека е подобро да им се пружи шанса на младите играчи во клубот.
Сега го прогласија за „малер“, Атлетико загуби од Бетис, иако Мората можеби можеше во една ситуација да изнуди пенал.
„Ликот е малер, уништува се што ќе допре, Ова е ефектот на Мората“, тврдат навивачите.
Вистина е дека на дебито за Челси во ПЛ го загуби мечот, тогаш ги шокираше Барнли, но тој влезе на 3:0 за гостите и постигна погодок.
Во Јувентус ја чекаше својата шанса речиси цел септември, кога првпат се појави, го замени Лјоренте, но мечот беше решен против Болоња, беше 2:0.
Кога заигра првпат за Реал, славеше, беше 3:1 во Сарагоса, тогаш исто така доби шанса во финишот.
Па, се чини дека навивачите на Атлетико се престроги, па ќе видиме дали Мората ќе ги разубеди…