Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По поразот во финалето на Австралија Опен во Мелбурн од Новак Ѓоковиќ, најдобриот шпански тенисер, се подготвува за венчавка со својата долгогодишна девојка, Марија Франциска Перелјо.
Сакаше тоа да го направи во тајност, но шпанските новинари дознаа што се подготвува, па почнаа да го опседнуваат со прашања.
„Диарио Мајорка“ се обиде да добие дополнителни информации од Надал, но тој само луто им одговори.
„Нема ништо да ви кажам, бидејќи сето тоа многу ми пречи. Никогаш ништо не сум открил од тие информации, па нема тоа да го направам ниту сега. Ме прашувате за свадба, зарем не? Разбирам дека си ја работите работата, но јас не сакам ништо да ви кажам околу тоа“, изјави Надал.